Маж пржи јајца и сланина на лавата од вулканот што еруптираше во Исланд



Пред некој ден во Исланд еруптираше мал вулкан, кој бил неактивен дури 6.000 години. Ерупцијата беше резултат на многуте земјотреси кои беа забележани на територијата на државата во последните неколку недели. Бидејќи станува збор за мал вулкан, тамошните жители можат да сведочат на волшебната глетка и одблиску, но еден маж отишол чекор подалеку - си направил појадок на вулканот. На видеото објавено на YouTube се гледа тава за пржење оставена врз лавата, а во неа мажот става јајца и сланина. Во описот на видеото на шега е споделен и рецептот: 1 јајце и 200 грама сланина. Ставете ја тавата на активен вулкан, ставете ги состојките, почекајте и јадете.

The HWD Facebook commenting plugin is not published