Погледнете ја првата епизода од новото хумористично шоу на Атанас и Тино - „Најискрено“



На 1-ви април беше емитувана првата епизода од новото хумористично токшоу на Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски, попознати како Атанас и Тино. Епизодата беше премиерно емитувана на YouTube, a нивниот прв гостин е актерот Гораст Цветковски. На почетокот од епизодата, Атанас и Тино откриваат дека ја направиле емисијата за потребите на уметниците и артистите, сакајќи да им дадат можност да бидат што е можно поискрени. Уживајте во шоуто проткаено со хумор!

The HWD Facebook commenting plugin is not published