ВИДЕО: Екстремни временски услови, долги зимски ноќи - како изгледа животот во изолирано село во Исланд?

Екстремни временски услови, долги зимски ноќи - како изгледа животот во изолирано село во Исланд?



Ајсли Ројст е фотограф и моментално живее во едно од најизолираните села во Исланд. До 2018 година таа била дел од филмската индустрија во Лос Анџелес, но бидејќи не била воопшто среќна, решила да остави сè и да се пресели во Исланд. Денес Ајсли живее во рибарско село кое има околу 2.600 жители и нагласува дека ова не е место за секого. Според неа, ако не сакате екстремни временски услови, мрачни зими, но и денови кои траат по 24 часа во лето, веројатно нема да бидете среќни на вакво место. Во ова видео можете да дознаете нешто повеќе за животот на Ајсли во едно од најизолираните исландски села.