Ампутација на погрешна нога, непотребна мастектомија - најлудите хируршки грешки во историјата



Денес медицината е понапредна од кога било и повеќето лекари одлично си ја работат својата работа. Но одвреме-навреме и тие прават грешки кои, очекувано, биле многу почести пред неколку децении, кога ја немале опремата што им е достапна сега. На пример, во 1995 година повозрасна жена лежела во болница, кога лекарите случајно ги помешале нејзините резултати со оние на друг пациент. Другиот пациент имал крвавење на мозокот, па лекарите, мислејќи дека тоа се резултатите на возрасната жена, веднаш ја однеле во операционата сала. Тие ја воочиле својата грешка, но веќе било предоцна...

The HWD Facebook commenting plugin is not published