ВИДЕО: Тој го изгради нејзиниот стил - како се облекуваше Ким Кардашијан пред бракот со Канје?

Тој го изгради нејзиниот стил - како се облекуваше Ким Кардашијан пред бракот со Канје?



Во последниве неколку години, Ким Кардашијан стана најпознатото име на планетата и некои ја сметаат за модна икона. Но, се сеќавате ли на модните комбинации на Ким пред да ја достигне денешната слава? Очигледно е дека стилот на Ким претрпе драстична промена, а многумина нагласуваат дека за ова најголема помош добила од Канје. Односно, дури откако се венчаа, Ким почна да добива комплименти за нејзиниот изглед. Ако не верувате, тогаш ова видео дефинитивно ќе ви го промени мислењето. Во видеото е направена одлична споредба на комбинациите што ги носеше Ким пред, и откако се венча со Канје, а разликата ќе ја забележите и сами.