ВИДЕО: Како Ким Кардашијан успеа да заработи милијарда долари?

Како Ким Кардашијан успеа да заработи милијарда долари?



Иако е среде развод со Канје и се соочува со многу други проблеми, Ким сепак има повод за прослава. По Кајли Џенер, и таа се најде на листата милијардери, а се чини дека работела доста напорно за да стигне дотука. Ким се прослави со ријалити шоуто на нејзиното семејство, а доста паметно ја искористи нејзината популарност. Знаејќи дека е име што сите го знаат, таа реши да направи своја линија долна облека, која веднаш стана популарна…