ВИДЕО: Кортни Кардашијан и Тревис Баркер - славни парови за кои никој не помислуваше дека ќе бидат заедно

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер - славни парови за кои никој не помислуваше дека ќе бидат заедно



Иако не можеме да предвидиме кој во кого ќе се вљуби, некои славни парови, едноставно, „си одговараат“, па воопшто не сме изненадени кога ќе дознаеме дека почнале врска. Но за некои познати двојки никој не ни помислувал дека некогаш ќе завршат заедно. Најдобар пример за ова се Кортни Кардашијан и тапанарот Тревис Баркер. Нивната врска е релативно нова, а изгледа дека јавноста уште не може да прифати дека се пар. Кортни и Тревис изгледаат како сосема различни личности, кои водат сосема различни животи, па не е ни чудно што сите се изненадија кога осамнаа првите фотки од нив како пар.