Новиот „пандемски хит“ на Дац и Александар веќе има 80.000 прегледи - слушнете ја „Вакцина“



По повод годишнината од објавувањето на таканаречениот пандемски хит „Корона чао“, Дац и Александар уште еднаш ги здружија силите и објавија нова песна, насловена „Вакцина“. На нивнот Фејсбук профил, македонските музичари открија дека ја направиле песната за само еден ден, со цел да им го подобрат расположението на нивните сограѓани во овие тешки мигови. За песната е направен и видеоспот, кој за неполни три дена веќе има над 80.000 прегледи. Уживајте!

The HWD Facebook commenting plugin is not published