ВИДЕО: Банкрот, алкохолизам, несреќни бракови - тажната приказна на семејството на Парис Хилтон

Банкрот, алкохолизам, несреќни бракови - тажната приказна на семејството на Парис Хилтон



Парис Хилтон стана светски позната само затоа што е дел од семејството Хилтон, најдобро познато по луксузните хотели ширум целиот свет. Но, иако Парис и нејзиното семејство уживаат раскошен живот, за нив нештата се далеку од совршени. Првиот Хилтон хотел бил отворен од прадедото на Парис – Конрад Николсон Хилтон. Иако на почетокот неговиот нов бизнис „цветал“, извесен период Конрад бил пред банкрот и затворил неколку Хилтон хотели. Дури и самиот има изјавено дека бил во толку очајна состојба, што морал да позајми пари од негов вработен…