На жена ѝ одлета роденденскиот подарок - балон со 120 долари закачени на него



Ако мислевте дека имате лош ден, тогаш верувајте дека на 37-годишната Ники Вокер сигурно ѝ е полошо. Деновиве на YouTube се појави смешно видео, на кое се гледа како Ники го отвора роденденскиот подарок од нејзината мајка – балон полн со хелиум на кој се закачени 120 долари. Но, како што Ники ја одврзува врвката што го држи балонот, тој одлетува и таа безуспешно се обидува да го фати. „Сè се случи во една секунда – немав можност да реагирам. Сите беа шокирани додека гледаа. Се чувствував навистина глупаво. Кој би отворил подарок со балон со хелиум надвор, на ветровито време?“ Ники вели дека не успеала да го најде балонот и воопшто не знае каде е или кај кого се парите сега.

The HWD Facebook commenting plugin is not published