ВИДЕО: Емотивен момент - куче скока и трча од радост откако ја здогледува сопственичката по 18 месеци

Емотивен момент - куче скока и трча од радост откако ја здогледува сопственичката по 18 месеци



22-годишната Микајла од Мелбурн била „заглавена“ во Нов Зеланд цели 18 месеци поради пандемијата. Во нејзиниот дом во Австралија таа има куче, но поради забраните за патување, не можела да се врати повеќе од една година. Конечно, на 25-ти април годинава, Микајла се вратила дома и имала можност да го види своето куче, а неговата реакција од оваа средба нема да ве остави рамнодушни. Штом ја здогледува, кучето трча кон неа, почнува да скока и да ја лиже на лицето. Од радост, кучето почнува и да трча низ просторијата, а потоа се враќа во прегратките на неговата сопственичка. Емотивниот момент е овековечен во слатко видео кое дефинитивно ќе ви го разубави денот.