ВИДЕО: Филери, операции - што сè направија Кардашијанс за да си го променат изгледот?

Филери, операции - што сè направија Кардашијанс за да си го променат изгледот?



Можеби денес многу девојки сонуваат да изгледаат како Ким или Кајли, но факт е дека познатите сестри од кланот Кардашијан-Џенер изгледаа многу поразлично, и тоа пред само неколку години. Иако скоро сите од нив постојано негираат дека направиле некакви корекции на лицето и телото, кога ќе го споредите нивниот изглед од порано и сега, разликата е повеќе од очигледна. Една од најпопуларните корекции на жените од ова семејство дефинитивно се усните на Кајли Џенер. Пред да стане светски позната, Кајли изгледаше како и секоја тинејџерка, но се чини дека нејзиниот изглед се промени преку ноќ. Штом Кајли се појави во јавност со полни усни, беше јасно дека користи филери, но младата богаташка упорно тврдеше дека користи само шминка.