Роберт Билбилов со нов сингл на неговиот роденден - „Нигде не те наоѓам“



Познатиот македонски пејач Роберт Билбилов ги израдува фановите со нов сингл, и тоа на денот на неговиот роденден. „Ако идејата трае пет минути а реализацијата две години, јасно е дека од идеја до реализација се потребни доста вештини кои би требало да ги поседува човек… Сè она што изгледа и звучи едноставно е и многу тешко да се направи, и сè дур не стигнеш до тоа, твоето тело до последна честичка ќе се бори додека не ја оствари замислената цел“, напиша Роберт на неговиот Фејсбук профил кога премиерно ја сподели песната. Во објавата тој им се заблагодари и на фановите за роденденските честитки со „парче од неговата музичка роденденска торта“. Новиот сингл на Роберт е насловен „Нигде не те наоѓам“, а за песната е снимен и видеоспот. Текстот е дело на Робин Зимбаков, а музиката и аранжманот се на Билбилов.

The HWD Facebook commenting plugin is not published