ВИДЕО: Расизам, депресија - тажната животна приказна на Арета Френклин

Расизам, депресија - тажната животна приказна на Арета Френклин



Арета Френклин засекогаш ќе ја помниме како кралица на соул музиката и нејзините фанови се убедени дека никој нема да ја замени уште долго време. Но иако уживала во светската слава, животот на Арета бил далеку од совршен. Пејачката пораснала во период кога расизмот против Афроамериканците беше сеприсутен и неретко го чувствувала ова на своја кожа. Исто така, Арета водела битка со депресија која се обидувала да ја скрие по секоја цена. Според некои извори, на моменти нејзината депресија се влошувала до тој степен, што Арета не можела ни да стане од кревет. Погледнете го видеото и дознајте ја тажната животна приказна на Арета Френклин.