Од скромна кантри пејачка, до најголема музичка ѕвезда - неверојатната трансформација на Тејлор Свифт



На некој начин, Тејлор Свифт порасна под будното око на јавноста, а ова дефинитивно не е лесно. Особено кога ќе се земе предвид ужасниот третман што го добиваше од своите многу постари колеги. Се сеќавате на MTV Video Music Awards во 2009-та, кога Канје Вест бесрамно го прекина нејзиниот говор? Се чини Тејлор отсекогаш била и на мета на јавноста – некои ја критикуваа бидејќи често го менува музичкиот жанр, други „душкаа“ во нејзиниот љубовен живот, па ја критикуваа и за тоа. Но, Тејлор храбро се справува со сите предизвици, и денес е едно од најголемите имиња во музичката индустрија.

The HWD Facebook commenting plugin is not published