ВИДЕО: „Околу нас“ – краткометражен филм на група млади кумановци

„Околу нас“ – краткометражен филм на група млади кумановци



Неодамна група млади креативци и ентузијасти од Куманово објавија краткометражен филм, насловен „Околу нас“, во режија на Стефан Павличек, а во него играат: Николај Павловски, Дејвид Стоилковски, Бојан Костовски, Стефан Павличек, Ивана Стефановска, Слаѓан Арсовски и Александар Трајковски.

„Инспирацијата за 'Околу нас' доаѓа од неодговорноста и незаинтересираноста на младите за проблемите и промените во општеството, односно опкружувањето во кое живеат. Во младите владее еден дух на одбивност кон системот во кој живеат, бидејќи сметаат дека се отфрлени од општеството. Тие се чувствуваат како странци во својот дом“, открива Стефан Павличек, режисерот на филмот.

Тој додава дека преку филмот сакаат да покажат дека улогата која ја имаат младите во општеството е огромна и дека нивното мислење е најважно. Од суштинско значење е младите да веруваат во своите способности, идеи и да бидат сигурни при донесување на важни одлуки во животот. Марко Јовановски е задолжен за камерата во филмот, звукот е на Иван Станишковски, а монтажа на Бојан Костовски.