ВИДЕО: Џони Деп, Лејди Гага - 10 славни личности кои ги тужеа нивните менаџери

Џони Деп, Лејди Гага - 10 славни личности кои ги тужеа нивните менаџери



Славните водат навистина динамични животи. Покрај бројните појавувања во јавност, настапи и секакви свечености, факт е дека не би можеле да издржат сè ако немаат помош од нивните менаџери. Обично овие луѓе им помагаат со работниот распоред и ги знаат сите работи за нив, вклучувајќи и ги деталите што славните сакаат да ги скријат од јавноста. А, кога менаџерите се незадоволни од нивните работодавци, неретко се случува да ѝ раскажат сè на јавноста. Тогаш, пак, славните го возвраќаат ударот со тужби и ситуацијата станува уште полоша. Од Николас Кејџ и Џони Деп, па сè до Лејди Гага, погледнете кои славни личности ги тужеа нивните менаџери.