ВИДЕО: Криси Тајген и уште 9 познати личности кои „кренаа раце“ од социјалните мрежи

Криси Тајген и уште 9 познати личности кои „кренаа раце“ од социјалните мрежи



Социјалните мрежи станаа сеприсутни во нашите животи и денес ретко ќе сретнете некој, особено од помладите генерации, којшто нема профил на барем една од нив. Но многу често луѓето се заситуваат од социјалните мрежи и постојаното бомбардирање со слики и видеа, па по неколку години користење, ги бришат своите профили. И голем број славни донесоа ваква одлука. Неодамна, Криси Тајген која беше една од најактивните ѕвезди на Твитер, реши да го избрише својот профил. Криси уште користи Инстаграм, но изјави дека Твитер бил премногу токсичен и премногу негативен, па „крена раце“ од социјалната мрежа.