ВИДЕО: Најпровокативните модни комбинации на Кендал Џенер

Најпровокативните модни комбинации на Кендал Џенер



Кога се емитуваше првата епизода од сега мега-популарното шоу на Кардашијанс, ретко кој помисли дека Кендал Џенер еден ден ќе стане еден од највисоко платените модели на сите времиња. Кендал е позната по впечатливиот стил и настрана од модната писта, а досега неколкупати докажа дека не се плаши да покаже повеќе кожа. Можеби нејзините сестри ја нормализираа провокативната облека, но Кендал знае како да се разголи со стил. Во ова видео, пак, можете да погледнете некои од нејзините најпровокативни модни комбинации.