Пирс Морган ги нападна Меган и Хари - познати личности кои добија отказ од најчудните причини



Постојат безброј причини за отказ – лошо извршување на работните задачи, постојано доцнење, лошо однесување… Но познатите личности дефинитивно добиваат отказ од најчудните причини. Одличен пример за ова е светски познатиот водител Пирс Морган, кој неодамна беше избркан од емисијата Good Morning Britain на ITV. Откако Меган и Хари споделија скандалозни информации за кралското семејство во интервјуто со Опра, водителот се огласи изјавувајќи дека воопшто не верува во она што го кажа Меган. Иако сите можат да си имаат свое мислење за ситуацијата со Меган и Хари, Пирс го изјави ова на емисијата на ITV. Набрзо потоа се дозна дека водителот бил избркан од работа, бидејќи телевизијата добила илјадници поплаки во врска со неговата изјава.

The HWD Facebook commenting plugin is not published