Несоница, разни обвиненија - тажни детали од последните месеци од животот на Мајкл Џексон



Во 2009 година, смртта на Мајкл Џексон го изненади целиот свет. Фановите, медиумите и сите останати почнаа да се прашуваат што навистина се случувало во последните денови од неговиот живот и која е причината за неговата смрт. Тој период пејачот се подготвуваше за турнеја, а во меѓувреме се справуваше со разните обвиненија за педофилија против него, од кои подоцна беше ослободен. Всушност, се чинеше дека животот на Мајкл Џексон конечно се подобрува и пејачот почнуваше да си ја враќа добрата репутација. Па тогаш, што навистина се случувало зад затворени врати последните месеци од неговиот живот?

The HWD Facebook commenting plugin is not published