ВИДЕО: Поранешен војник плете ќебе за бабата на сопругата што му помогнала да се справи со траумите

Поранешен војник плете ќебе за бабата на сопругата што му помогнала да се справи со траумите



Џошуа Апел од Вашингтон САД, е воен ветеран кој бил во Авганистан во 2012-тата година. Откако се вратил дома тој се чувствувал мошне нервозно и барал Шерон, која е баба на неговата сопруга Минди, да им дојде во посета.

Шерон покажала вистинска грижа за зетот од внуката и секогаш му помагала да се чувствува безбедно и да се смири.

Сега, тој одлучил во знак за благодарност за долгогодишната грижа да ѝ сплете ќебе, а видеото како тој работи на овој проект се најде и на YouTube.