ВИДЕО: Зависности, битка со килограмите - колку се промени Кели Озборн во последните две децении?

Зависности, битка со килограмите - колку се промени Кели Озборн во последните две децении?



Кели Озборн е ќерка на познатиот музичар Ози Озборн, а ѝ стана позната на јавноста благодарение на ријалити шоуто на нејзиното семејство. Уште на почетокот Кели беше бунтовна девојка која често запаѓаше во неволји, но со текот на времето успеа да си ја најде целта во животот и да се придвижи во вистинската насока. Денес Кели изгледа подобро од кога било и вели дека никогаш не била толку среќна, но дури да стигне дотука, таа се соочи со секакви предизвици. Од зависности и проблематично однесување, па сè до битка со килограмите, погледнете низ што помина Кели и како изгледаше нејзината трансформација.