ВИДЕО: Што правеше мајката на Бритни додека татко ѝ го контролираше целиот нејзин живот?

Што правеше мајката на Бритни додека татко ѝ го контролираше целиот нејзин живот?



Изгледа Бритни Спирс конечно ќе ја добие својата слобода – неодамна татко ѝ изјави дека планира да се повлече, што значи повеќе нема да биде нејзин легален старател. Татко на Бритни има контрола врз сите нејзини пари и, според сведочењето на Бритни, ѝ забранувал да прави многу работи, вклучувајќи и тоа да се дружи со одредени личности, па дури и да има дете. Сведочењето на Бритни навистина го шокира светот, но и ги натера нејзините фанови да се запрашаат каде всушснот е нејзината мајка во целата ситуација. Дали можеби и таа ја користела неповолната положба на ќерка си или, едноставно, немала никакво влијание врз татко ѝ, па навистина не можела да ѝ помогне...