ВИДЕО: Ким Кардашијан и уште 9 ѕвезди кои некогаш имале забрана да присуствуваат на Мет галата

Ким Кардашијан и уште 9 ѕвезди кои некогаш имале забрана да присуствуваат на Мет галата



Како еден од најпрестижните настани во светот на шоу-бизнисот, воопшто не е лесно да допрете до влезница за Мет галата. Дури и да имате 30.000 долари за влезницата, ако Ана Винтур смета дека не сте достојни за настанот, нема да се појавите таму. Ова значи дека многу познати личности не смеат да присуствуваат на Мет галата само затоа што уредничката на Вог сака така. Одличен пример за ова е Ким Кардашијан. Ријалити ѕвездата отсекогаш сонувала да присуствува на настанот, но сè до 2013-та Ана никако не го дозволуваше тоа. Уредничката дури изјави дека никогаш нема да ѝ дозволи на Ким да присуствува бидејќи сакала да ги зачува гламурот и префинетоста на настанот.