ВИДЕО: Кајли Џенер направи селфи - 10 ѕвезди кои ги прекршија правилата на Мет галата

Кајли Џенер направи селфи - 10 ѕвезди кои ги прекршија правилата на Мет галата



Покрај тоа што е тешко да допрете до влезница за Мет галата, кога ќе пристигнете на настанот мора да следите некои правила. Едно од најпознатите правила на настанот е забраната за користење смартфони, а со тоа и правење селфи фотографии. Имено, оваа забрана е со цел да се заштити приватноста на ѕвездите кои присуствуваат на галата, но и поради ексклузивноста на настанот. Но некои славни личности мислат дека за нив не важат никакви забрани, па ги прекршуваат правилата и на Мет галата. Најпознат пример за ова е Кајли Џенер која направи селфи на настанот во 2017 година...