Едвај чека Кристијано да ја запроси – што открива Џорџина Родригез во трејлерот за нејзиното реално шоу?



Деновиве беше објавен трејлерот за реалното шоу на Џорџина Родригез, насловено Eu, Georgina (Јас, Џорџина). Серијалот ќе се емитува на Нетфликс и преку него ќе можеме да дознаеме нешто повеќе за врската на Џорџина и Кристијано Роналдо, но и за нејзиниот приватен живот – нејзините подвизи, планови и цели. Во трејлерот можеме да ја видиме Џорџина на разни локации ширум светот, а во еден миг и открива дека едвај чека Кристијано да ја побара за жена. Не е познат точниот датум на премиерата, но наводно серијалот ќе почне да се емитува до крајот на годината. Дотогаш, погледнете го трејлерот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published