Објавен првиот трејлер за Scream – 5-тото продолжение на култниот хорор серијал



Кога станува збор за хорор филмови, не постои личност која не слушнала за култниот серијал Scream. Првиот филм од серијалот беше издаден во далечната 1996 година и речиси веднаш беше прогласен за филм кој го редефинира жанрот. По успехот на првиот дел, беа направени уште три продолженија. Иако можеби поновите филмови се со предвидливо дејство, сепак остануваат меѓу најпопуларните хорор филмови, а следната година ќе можеме да погледнеме уште едно продолжение. Покрај новата актерка екипа, во петтиот дел повторно ќе се појават дел од актерите од претходните продолженија, како Кортни Кокс. Премиерата е закажана за 2022 година, а сега барем можете да го изгледате трејлерот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published