ВИДЕО: Роберт Патинсон како Бетмен во првиот трејлер за долгоочекуваниот „The Batman“

Роберт Патинсон како Бетмен во првиот трејлер за долгоочекуваниот „The Batman“



По одличните изведби на Кристијан Бејл и Бен Афлек, фановите не беа најсреќни со изборот на Роберт Патинсон за улогата на Бетмен, но според новиот трејлер, се чини дека актерот е совршен за оваа улога. Во новиот, „помрачен“ филм за популарниот суперхерој на DC ќе ја видиме и Зои Кравиц во улогата на Catwoman, а главниот негативец ќе биде познатиот Riddler. Првично премиерата за филмот беше закажана за јуни годинава, но беше одложена поради пандемијата. Сега премиерата можеме да ја очекуваме во март следната година.