„Слатка мала“ - Пеперминт со нова песна и нов музички спот



Македонскиот бенд Пеперминт има нова песна, насловена „Слатка мала“, за која направија и музички спот. Музиката, текстот и аранжманот се на фронтменот Горан Трифуновски, а спотот е направен од Пеперминт Продукција. „Главните улоги“ во спотот се Златко Доневски – Бозо, Филип Атанасовски и Маја Ристеска Доневски. „Слатка мала“ е втор сингл на бендот за оваа година, како и втор сингл од нивниот четврти студиски албум кој допрва треба да биде издаден.

The HWD Facebook commenting plugin is not published