Прва празнична сезона со посвоените деца - многу магија, солзи и радост во емотивната божиќна реклама на Дизни



Дизни ја „отвори“ сезоната на божиќни реклами со емотивен краток анимиран филм насловен „The Stepdad“ (очувот). Главните ликови во краткиот филм се мајка и нејзините деца, како и нејзиниот нов партнер, односно очувот на децата. На почетокот од видеото мажот се преселува во домот на партнерката и нејзините деца и треба да ја помине првата празнична сезона со нив. Иако го дава најдоброто од себе за да им овозможи совршена празнична сезона, се случува мала незгода која ги разочарува сите. Но, мажот успева да ја „спаси“ сезоната и да измами насмевки на лицата на неговите посвоени деца. Видеото на Дизни нема да ве остави рамнодушни и ќе ве потсети што е всушснот најважно во животот.

The HWD Facebook commenting plugin is not published