Откажување од соништата, криење на чувствата – за што најчесто жалат луѓето во староста?



Возраста навистина ни ја менува перспективата за многу нешта. Само споредете како сте размислувале кога сте биле средношколец или студент, а како размислувате сега. Многу ваши ставови сигурно се променети, имате други приоритети и сфаќате дека некои грижи од тој период биле целосно непотребни. Па, само замислете колку се менува перспективата откако ќе наполните 60, 70, па и повеќе години. Во староста, луѓето почнуваат да сфаќаат што е навистина важно во животот и неретко жалат што губеле време на непотребни луѓе, што се откажале од соништата, што не ја зграпчувале секоја можност… Погледнете го видеото и дознајте за што најчесто жалат луѓето во староста за да не ги повторите нивните грешки.

The HWD Facebook commenting plugin is not published