Не сака да донира, ги навредува вработените – мрачната страна на Џеф Безос



Џеф Безос е најбогатиот човек во светот, иако изминатава година Илон Маск неколкупати му ја украде титулата. Неговото богатство изнесува над 200 милијарди долари и тој е дефинитивно еден од богаташите што јавноста отворено ги презира. Добро познат факт е дека условите за работа во неговата компанија Amazon се далеку од совршени, а покрај ова, милијардерот и неколкупати ги има навредено неговите вработени. Друга причина зошто јавноста го мрази Безос е тоа што тој мрази донации. Со години Безос е на листата на најбогати луѓе на планетата, а кога донира пари за нешто, го прави тоа само за публицитет и обично дава суми што за него се многу мали. На пример, периодов Безос донираше само 500.000 долари на добротворен настан, а луѓе со многу помалку пари од него донираа и по 1 милион.

The HWD Facebook commenting plugin is not published