ВИДЕО: Џеј Ло и Малума во романтичната комедија „Marry Me“ - погледнете го првиот трејлер

Џеј Ло и Малума во романтичната комедија „Marry Me“ - погледнете го првиот трејлер



Џеј Ло веќе неколкупати докажа дека има талент и за глума, а сега ќе имаме можност да ја погледнеме во романтичната комедија, „рамо до рамо“ со пејачот Малума и познатиот актер Овен Вилсон. Филмот насловен Marry Me ја раскажува приказната за две големи музички ѕвезди кои стапуваат во брак пред нивната публика. Но, штом девојката (Џеј Ло) ќе дознае дека нејзиниот сакан ја изневерил, одлучува да се венча со маж од публиката кој не го ни познава. Премиерата на филмот е закажана за 11 февруари, само неколку денови пред Денот на вљубените.