ВИДЕО: Парис Хилтон и Никол Ричи - токсични пријателства од светот на познатите што завршија бурно

Парис Хилтон и Никол Ричи - токсични пријателства од светот на познатите што завршија бурно



Во светот на познатите постојат прекрасни пријателства кои траат со години, но постојат и токсични пријателства кои неретко завршуваат неславно. Се сеќавате на периодот кога Парис Хилтон и Никол Ричи беа најдобри пријателки? Парис и Никол беа неразделни, па дури направија и заедничко ријалити шоу насловено The Simple Life. Иако тој период двете велеа дека се како сестри, не помина долго пред нивните караници да почнат да ги полнат таблоидите. Уште е мистерија што ги натерало двете жени да престанат да се дружат, но според некои гласини, Никол ја пуштила секс снимката на Парис на забава пред многу луѓе…