ВИДЕО: Рокфелер, Кенеди – познати, моќни семејства за кои се верува дека се проколнати

Рокфелер, Кенеди – познати, моќни семејства за кои се верува дека се проколнати



Денес ретко кој верува во клетви, но приказните на некои семејства навистина ќе ве натераат да се запрашате дали можеби има некоја надреална причина за она што им се случило. Некои од најмоќните и највлијателните семејства, како Кенеди и Рокфелер, изгледа како постојано да ги следи несреќа и токму одовде произлегуваат шпекулациите дека можеби се проколнати. Смртни случаи на млади членови, болести, пропаднати бракови – овие луѓе како да не доживеале среќен миг во нивните животни, па не е ни чудно што многумина се прашуваат која е причината за нивната несреќа.