ВИДЕО: Поп сингл со модерен звук: Слушнете ја новата песна на Наташа Миха - „Сè што знам“

Поп сингл со модерен звук: Слушнете ја новата песна на Наташа Миха - „Сè што знам“



„Сè што знам“ е новата авторска песна на Наташа Миха. Станува збор за поп сингл со модерен звук кој ги исполнува стандардите на светската музичка сцена, притоа задржувајќи го автентичниот печат на Наташа. Музиката е дело на Дамир Пух и Наташа, а пејачката се потпишува и како автор на текстот. За песната е направен и видеоспот, снимен во околината на Скопје. Наташа вели дека подготвува и нејзин солистички албум за кој се надева дека ќе биде објавен во блиска иднина.