Волшебна празнична реклама што ќе ве натера да верувате во магијата на Божиќ – „Споделете ја со саканите“



Ирскиот ланец супермаркети SuperValu направи волшебна реклама за празничната сезона која навистина ќе ве натера да поверувате во магијата на Божиќ. Во видеото мало девојче наоѓа повреден ирвас и плашејќи се дека нема да може да се врати кај Дедо Мраз за Божиќ, целосно му се посветува за да му помогне да закрепне. Како што минуваат деновите, состојбата на ирвасот се подобрува и на крај девојчето му вели да се врати кај Дедо Мраз. Додека нејзините родители ја гледаат сомневајќи се дека ќе се случи нешто, на девојчето му се придружуваат други дечиња од соседството кои почнуваат да го бодрат ирвасот. На крај, тој полетува, токму навреме за Божиќ.

The HWD Facebook commenting plugin is not published