ВИДЕО: Ново име на македонската музичка сцена – младиот Дамјан Стоименовски ја објави својата прва песна

Ново име на македонската музичка сцена – младиот Дамјан Стоименовски ја објави својата прва песна



Дамјан Стоименовски е 20-годишен студент кој е вљубен во музиката. Дамјан студира право, но голем дел од времето посветува и на музиката – редовно посетува часови по пеење и досега има преработено неколку музички нумери. Сега, талентираното момче ја објави и својата прва песна, насловена „Те губам“. Музиката и аранжманот се на Гоце Симоноски, а како автор на текстот се потпишува Ивана Димова. За песната е снимен и видеоспот на неколку локации низ Скопје под режисерската палка на Владислав Гавриловски.