Овој Божиќ да си подариме подобра иднина – празнична реклама со моќна порака за нашата планета



Групацијата Erste од Виена годинава направи празнична реклама со многу моќна порака – време е да почнеме да веруваме во подобро утре, но и да преземеме нешто за да го направиме реалност. Во краткото видео, мало девојче постојано го потсетува нејзиниот татко да прави подобри одлуки со кои ќе ѝ помогне на планетата. Наместо со автомобил, му вели да оди со велосипед. Наместо во обична, го тера да го фрли отпадот во корпа за рециклирање. Едноставно, за Божиќ, девојчето само сака татко ѝ да ѝ подари подобра иднина.

The HWD Facebook commenting plugin is not published