Пари, оружје, пороци – Антониа Гиговска со нов стил во спотот за песната „Хиена“ со 2Бона



Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска и рап-дуото 2Бона конечно ја објавија нивната соработка – песна насловена „Хиена“. Ова е првото заедничко дело на можеби најпопуларните музичари на македонската сцена и дефинитивно не нè разочараа. За песната е снимен и видеоспот кој може да се спореди со спотовите на најголемите музички ѕвезди во светот. Музиката е дело на момците од 2Бона и Лазар Цветковски, текстот е напишан од дуото и Тајзи, а спотот е снимен под режисерската палка на Томислав Живковиќ.

The HWD Facebook commenting plugin is not published