Бијонсе, Ријана – познати жени чии модни стилови Кајли Џенер редовно ги копира
Иако важи за трендсетерка, се чини дека Кајли Џенер неретко црпи инспирација од другите жени во светот на шоу-бизнисот. Некогаш Кајли е суптилна, па нема ни да забележите од каде ја добила идејата за некоја комбинација, но некогаш без проблем го копира целиот изглед на некои од најдобро облечените познати жени. Од Бијонсе и Ријана, па сè до Аријана Гранде, погледнете чии стилови Кајли обожава да ги копира.