Над 80 ноеви трчаат низ улиците на град во Кина откако избегале од фарма



Деновиве се појави смешно видео на кое се гледаат многу ноеви кои трчаат низ улица. Според CGTN кои го споделија видеото, станува збор за нешто повеќе од 80 ноеви кои избегале од фарма во кинески град откако фармерот не ја затворил нивната порта како што треба. Ноевите извесно време трчале низ градот, а на крај полицијата успеала да ги фати и безбедно да ги врати во фармата. За среќа, никој не бил повреден, па слободно можеме да се насмееме за целата ситуација. А, кога ќе се земе предвид дека ноевите се едни од најбрзите птици во светот, станува јасно дека бркотницата била многу комична.

The HWD Facebook commenting plugin is not published