„Ти ми се свиѓаш“ – Пеперминт



Се издвојуваат по својот оригинален стил на панк песни со интересни текстови, кои се поневообичаени од стандардните, а сепак многу лесно прифатливи за публиката. После песните како „Девојката со точакот“, „Ако“ и „Моето куче“, уште една во сличен стил е песната „Ти ми се свиѓаш“, која се очекува да биде летен хит. Видео спотот е изработен од Мелем продукција.