Горан Папаз и Нина Јанева со заедничка песна „Never Fall In Love“



Горан Папаз и Нина Јанева остварија соработка која резултираше со темата насловена „Never Fall In Love“. 

Песната е направена во EDM стилот (Electronic Dance Music).

Музиката на "Never Fall In Love" ја напишаа Александар Масевски и Горан Папаз, а пак текстот, аранжманот и продукцијата на истата се дело на Александар Масевски.

Папаз, Нина и Масевски се презадоволни од исходот на взаемната соработка и не исклучуваат и понатамошна заедничка соработка на нов проект.

Оваа тема многу наскоро ќе доживее и свој видео запис.

The HWD Facebook commenting plugin is not published