Студенти од ФМУ направија кавер на „Hello“ од Адел



Студентите на факултетот за музички уметности Денис и Дино направија ковер на „Hello“ кој со сигурност ќе ви се допадне.

Ќе слушнете одлична изведба во придружба на пијано, прекрасни вокални способности на дечките кои и претходно имаат работено успешно на неколку проекти.

Денис на Евровизија за млади како и на едно од балканско музичко шоу каде минатата година беше во финалето, додека пак Дино досега има настапувано на детски фестивали, но има големи способности за компонирање, па за нашиот портал изјавија дека по оваа нивна соработка се појавила и желбата да направат и нешто авторско.

Нивната прва соработка е во мјузиклот „Fiddler on the roof“, каде одиграле главни улоги и каде се родила желбата за понатамошна соработка.

The HWD Facebook commenting plugin is not published