Maggie, млада дама со неверојатно моќен глас кој ќе ве остави без здив!



Магдалена Алексовска – Maggie е млад истакнат вокал со неверојатно моќен глас и Х-фактор кој ја поставува “рамо до рамо” со најголемите светски гласови.

Изведби на најголемите и најмоќните хитови кои ќе ве занемат додека Maggie ги изведува со неверојатна леснотија, шарм и величествена моќ на нејзиниот глас.

Овојпат ќе уживаме во една неверојатна кавер – верзија на нашата Maggie, инспирирана од изведбата на еден од нејзините омилени вокали Александра Брк.

Во настапите на Брк уживавме со емитувањето на X – Factor- реалното шоу за таленти, а во продолжение ќе уживаме во кавер – верзијата на една од најмоќните песни „Hallelujah“, во изведба на Магдалена Алексовска – Maggie.

The HWD Facebook commenting plugin is not published