Одложена рок вечерта на Scream Music Festival

odlozena-rok-vecerta-na-scream-music-festival-povekjeСнежното невреме кое ја зафати речиси цела Европа е причината поради која рок вечерта на второто издание на Scream Music Festival која што...


...требаше да се одржи оваа сабота, се одложува за наредната на 18-ти февруари.

odlozena-rok-vecerta-na-scream-music-festival

Ареа, САРС, Негатив, Електрични Оргазам, Санаториум и најголемото изненадување на фестивалот Ласт Експедишн се бендовите кои ќе настапат на сцената на Метрополис Арена на второто издание на Скрим.

- Отежнатата состојба на меѓународните патни правци е причината поради која го одложуваме случувањето на рок спектаклот на Scream Music Festival за 18-ти февруари. Сакаме гостите од соседството да пристигнат безбедно и на своите обожаватели од Македонија да им овозможат вистинско рок доживување – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

Билетите кои беа пуштени во продажба за 11-ти февруари ќе важат за новиот датум на случувањето на настанот, 18-ти февруари.

Продажната мрежа на www.mktickets.mk, Тобако Тугедер салоните низ цела Македонија, како и Југотон, Цвеќара Розе Веро 2 и Камарад Рамстор се местата каде можат да се набават влезниците за ова второ издание на Scream Music Festival по цена од 600 денари и 800 за галерија.

На самиот ден на фестивалот на вратата на Метрополис Арена билетите ќе изнесуваат 800 денари. 

Најчитани неделава

Кога ќе помине денот, раскрсти со него. Си сторил што си можел; некои грешки и глупости сигурно се провлекле; заборави ги колку што можеш побрзо.
Ралф Валдо Емерсон (1803-1882)