Моменти за паметење од Златна Бубамара 2014

Најдолгоочекуваната манифестација во земјава - Златна Бубамара на популарноста и годинава донесе многу насмевки и ја разубави вечерта на сите во Универзалната Сала.

momenti-za-pametenje-od-zlatna-bubamara-2014-001

За последен пат во салата која носи толку многу спомени и во која имаат настапувано илјадници ѕвезди. Неповторливиот хумор на Сашко Коцев во комбинација со одличните музички гости и настапи се проверен рецепт за незаборавна вечер.

Универзална - преполна, игла нема кај да фрлиш. Освен на столчиња се седи на дополнителни столчиња, на скалите па и се стои.

Додека да добиеме снимен материјал, како најдобри моменти кои ќе останат во сеќавање годинава ги одвојуваме:

1. Наградата за Драган Каранфиловски Бојс и прекрасниот настап кој не врати во детството со сите негови хитови - Наташа од 3то 3, Прва љубов како сенка тивко тивко доаѓа, опасно сум вљубен во тебе, заборави се... Огромно браво и за Бојс кој и покрај тоа што не настапувал 14 години застана храбро на сцената и пееше заедно со публиката.

2. На Златна Бубамара се пишува историја. Се наградуваат најдобрите, се дава шанса и на новите таленти. Даниел Кајмакоски ја доби својата прва Златна Бубамара и ја воодушеви публиката со настапот со Red. Да, дечкото има потенцијал и дефинитивно ќе полни многу сали и многу концерти во иднина. Едноставно - публиката го сака, а тој мил, скромен и со прекрасен глас.

momenti-za-pametenje-od-zlatna-bubamara-2014-01

3. Групата од пензионери скијачи на бина како најава за можеби најдобриот дел од хуморот на Коцев

4. Наградата за најдобра ТВ Емисија за Билките на Баба Рада

5. Секси настапот на Северина со Влатко Стефановски

6. На изненадување на сите во салата настапи и новиот - млад Здравко Чолиќ, Перчоли. Во негов стил со црвено сако, детето уживаше во настапот пред преполната Универзална Сала. Но, да не ви откриваме се.

Со нетрпение ја очекуваме следната Златна Бубамара во поголема сала...

momenti-za-pametenje-od-zlatna-bubamara-2014-3

Награди за Златна Бубамара на популарноста за 2013

Награда за трајни вредности - Драган Каранфиловски Бојс   

Спортист на годината 2013 - Илина Арсова

Театарска престава на годината 2013 - Вечна куќа

Актерка на годината 2013 - Драгана Костадиновска

Албум на годината 2013 - Гласот на виолината - Зоран Џорлев

Најперспективна пеачка на годината 2013 - Сара Мејс

Балкански ТВ проект на годината 2013 - Фактор Х

Откритие на годината 2013 - Даниел Кајмакоски

Музички видео спот 2013 - Тони Зен и БМА - Се е под контрола

ТВ Емисија на годината 2013 - Билките на Баба Рада - ТВ Канал 5

Концерт на годината 2013 - Игор Џамбазов

Пеачка на годината 2013 - Тамара Тодевска

Балкански албум на годината 2013 - Добродошао у клуб - Северина

Балкански концерт на годината 2013 - Северина    

Најпопуларна балканска пејачка на годината 2013 - Северина

Актер на годината 2013 - Оливер Митковски   

Музичка ТВ емисија на годината 2013 - Еден бакнеж ТВ Алфа

Млад актер на годината 2013 - Атанас Атанасовски

Млад актер на годината 2013 - Валентин Костадиновски

Трајни музички вредности - Влада Дивљан

40 годишен јубилеј - Мадригали

Хит на годината 2013 - Љубов - Бени & Нон Стоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Љубовта што ја даваме е единствената што ја имаме.
Елберт Хуберт (1865-1915)