Животниот пекол на зависник од кока-кола

zivotniot-pekol-na-zavisnik-od-koka-kola-povekjeБританецот Дарен Џонс кој неделно пие 42 литри кока кола, го открива сиот ужас на оваа своја необична зависност. Овој 38 годишен татко на две деца...


...не е ниту наркоман, ниту алкохоличар, па ниту пушач. Негова слаба точка е диеталната кока кола.

Дарен во просек пие 18 лименки кока кола дневно, што годишно го чини околу 3.500 евра. Во изминатите неколку години неговата состојба е толку влошена, што сега веќе не може да излезе од дома без шише кока кола. Доколку не ја испие својата дневна доза, станува многу нервозен и раздразлив.

Дарен, кој заради својата лоша навика тежи преку 220 килограми, сака да се обиде да се ослободи од оваа зависност која пречи не само на неговото здравје, туку и на неговиот брак.

Мислам дека сум вистински зависник. Се плашам дека набрзо ќе го допрам дното. Кога немам кока кола почнува да ме фаќа паника. Тоа е како со дрогата или алкохолот“ – изјавил за "Miror".

Кога се јавив во „Кока кола“ да ги прашам за совет, ми рекоа да ја разредам со вода, но вкусот беше грозен, а и не верувам дека ова би ми помогнало“ – раскажува Дарен чија цел е да оди во рехабилитационен центар за да се излечи од оваа зависност, но и на детоксикација.

И покрај тоа што има испиено огромни количини на кока кола, Дарен тврди дека е здрав.

Меѓутоа, докторите предупредуваат дека диеталната кока кола има вештачки засладувачи и кофеин чие зголемено консумирање може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира:

Трагедија во Лисабон: Познатиот жолт трамвај стар 140 години излета од шините – има најмалку 15 жртв... Вчера (03.09) трамвајот, поточно фуникуларот Глорија, кој е најпознатата атракци...
„Не ја присилував да се дрогира“ - Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус прозборе за нејзината зависност ... „Не бегам од одговорност, но идејата дека јас ѝ го овозможив тоа секој ден - не ...
Вознемирувачко видео - Авион удира во падобран и ги кине јажињата, жената се спаси со помошниот падо... На небото во Австрија, во близина на Цел ам Зе, викендов се случуваше вистинска ...
Возачот кој го сними автомобилот на Жота во пламен, ја демантира полицијата: „Се колнам, не возеа пр... Според прелиминарниот полициски извештај, Диого Жота и неговиот брат возеле над ...
Вознемирувачки детали за авионската несреќа во Индија: Пилотот можеби намерно го исклучил дотокот на... Според првиот извештај од истрагата за авионската несреќа во Индија во која заги...
Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...

Најчитани неделава

Гласот на совеста е толку тивок што може лесно да се замолкне, но јасно е и дека е невозможно да не го препознаеш.
Мадам Де Стал (1766-1817)